Категории на производи


Мисија и Визија

misija kristal

Мисија

Нашата главна мисија е да создаваме среќни и задоволни потрошувачи. Наједноставен начин да се постигне тоа е со искреност и квалитет. Исто така, постојано се стремиме кон проширување на асортиманот на производи, како и нивна достапност до што е можно поголем број потрошувачи во земјата и во странство.

Визија

Прехранбената индустрија Благој Ѓорев АД Велес има визија да прерасне во модерен европски капацитет, кој ќе ги имплементира најсовремените технологии за производство на здрава, безбедна и квалитетна храна. Наша визија е производите да бидат достапни во што поголем број земји низ светот, на сите континенти. Сакаме да ја промовираме македонската кујна како природна и здрава за конзумирање.
visija krital

Ема готви

Ема е правник по професија, а во исто време мајка и сопруга. Таа на своето семејство му готви со голема љубов. Сите ја фалат дека нејзините јадења се вкусни и посeтсетуваат на мали уметнички дела. Ема готви брзо, здраво и квалитетно. Секојдневно ги користи производите од брендот Кристал затоа што верува во нивниот квалитет. Ема своите рецепти ги споделува на Facebook fun страната - Што да готвам утре?

90 години традиција и квалитет

Врвниот квалитет на производите и нивното постојано усовршување е главната цел на компанијата, бидејќи нашите верни потрошувачи го заслужуваат само најдоброто.

Superbrands 2013/2014

Кристал е во избраното друштво на најсилни брендови присутни на македонскиот пазар. Повеќе од 12.000 потрошувачи и внимателно одбрани експерти го прогласија нашиот бренд за лидер врз основа на критериумите за квалитет, сигурност, различност и емотивната привлечност, применувајќи ги меѓународните стандарди на Superbrands.

Маслото Кристал

Маслото Кристал е еден од најпрепознатливите брендови во историјата на македонската прехранбена индуструја, со традиција подолга од 90 години. Произведено со врвна технологија на рафинирање на суровото масло добиено од висококвалитетно сончогледово семе набрано на македонските полиња, маслото Кристал е синоним за квалитет.