Oцетот и локумот на Благој Ѓорев со нов и модерен дизајн

 

Оцетите и локумот од брендот Кристал на велешката прехранбена индустрија „Благој Ѓорев“ добија пакувања со нов и модерен дизајн. Овие производи се долго време присутни на македонскиот пазар, но ова е прв редизајн на нивната амбалжа по 20 години. Сите три вида оцет, кои ги произведува „Благој Ѓорев – винскиот, јаболковиот и прехранбениот на полиците во маркетите можат да се најдат со новиот дизајн на етикетите, кој е креиран во согласност со последните светски трендови. Окото на потрошувачите сега многу полесно ќе го привлече и новиот изглед на пакувањето на нашата слатка гордост – локумот Кристал. Новите амбалажи на локумот со ореви, локумот со кокос, белиот локум и локумот со мирис на ружа се ......(допишете нешто за дизајнот).Од компанијата велат дека во наредниот период ќе се работи на редизајн на пакувањата и на дел од останатите производи од нивното портфолио. Целта на оваа активност е да се посвети поголемо внимание на надворешниот дизајн на амбалажата и со тоа да се зголеми видливоста на нашите производи во маркетите, но во исто време и нивната конкурентност на домашниот и странскиот пазар. Сите амбалажи кои ги користи Благој Ѓорев се со соодветен квалитет и стандард за пакување на прехранбени производи.