Дегустација на кристал софт маргарините во повеќе градови низ Македонија

Задоволни лица, насмеани потрошувачи, многу барања за репете. Во ваква атмосфера мина дегустациите на Кристал Софт маргарините, кои прехранбената индустрија Благој Ѓорев ги организираше во текот на изминатите неколку месеци.  

          

Задоволни лица, насмеани потрошувачи, многу барања за репете. Во ваква атмосфера мина дегустациите на Кристал Софт маргарините, кои прехранбената индустрија Благој Ѓорев ги организираше во текот на изминатите неколку месеци. Жителите на Скопје, Велес, Битола и Штип имаа можност да се уверат во прекрасниот и неодолив вкус на Кристал Софт маргарините. Дегустациите беа организирани во дел од најголемите супермаркети во овие градови, каде купувачите освен можноста да ги пробаат нашите маргарини, добија и интересни награди и подароци.Нивниот генерален впечаток беше дека станува збор за навистина вкусни маргарини, кои пред се` лесно се мачкаат на лебот и имаат пријатна арома.  

 

Кристал Софт маргарините се произведени од висококвалитетно сончогледово масло и растителни масти. Во групата Софт маргарини се и детскиот, кој е особено препорачлив за најмладите, како и диет маргаринот, кој е совршен за лицата кои имаат прекумерна тежина. Овие производи се исто така и витаминизирани, што дополнително ја зголемува нивната хранлива вредност. Достапни се во пакувања од 240 грама и 480 грама.