Почитувани пријатели,

Прехранбената индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ од Велес веќе 90 години е синоним за квалитет. Нема домаќинство во Македонија во кое нашите производи немаат свое место. Маслото за јадење и маргаринот „Кристал“ се нашиот најпрепознатлив бренд, но подеднакво сме горди и на останатите производи: таан алвата, локумот, желе бонбоните, зачините, слаткото од смокви, производите од соја итн.


Развојниот пат на Прехрамбената индустрија „БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес започнува во 1923 година. Како фабрика за масло работи до 1999 година кога е трансформирана во Прехрамбена индустрија поради широкиот асортиман на прехрамбени производи во сопствено производство.


Денеска ПИ „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ е модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот производствен процес се одвива во строго контролирани услови што претставува најдобра гаранција за безбедноста и квалитетот на секој производ кој излегува од нашата фабрика. За нас е особено значајно што „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ е единствениот капацитет во Македонија кој има целосно заокружен процес на производство на сончогледово масло, од семе до финален производ.


Сакајќи да го задржиме високото место на пазарот и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација, ПИ „БЛАГОЈ ЃОРЕВ” продолжува да се развива и да инвестира во производството на здрава и квалитетна храна.

Квалитетот е наша обврска! Ваше е да се храните здраво!

Со почит,
Ваша „ПИ Благој Ѓорев АД Велес“


Технички капацитети

Фабриката располага со:
• Единствен капацитет во РМ за преработка на маслодајни семиња (сончоглед, репка, соја во зрно) од преку 50.000 тони годишно;
• Цистерни за складирање 15.000 тони сурово масло;
• Рафинерија за производство на 100 тони рафинирано масло дневно;
• Линија за амбалажирање масло за јадење од преку 100 тони дневно;
• Капацитет за производство на маргарин и други тврди масти од 7000 тони годишно;
• Производство на кондиторски производи (алва, локум, желе) од 1000 тони годишно;
• Производство на оцет (алкохолен, вински и јаболков)