СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАС !

Тргнувајќи од мотото дека вработените се основен столб на секоја компанија, ПИ Благој Ѓорев посветува големо внимание на изборот на стручен и квалитетен кадар. Постојано инвестираме во задоволството на нашите вработени и се трудиме да им создадеме што е можно подобри услови за работа. Нашите вработени имаат можност за постојано надградување и стекнување со нови знаења и искуства од прехранбената индустрија. Затоа, доколку сакате да станете дел од тимот на Благој Ѓорев, Ве молиме да ни го испратите вашето CV и мотивациско писмо на contact@kristal.com.mk