ISO 9001:2008

ISO 9001:2008 претставува систем за управување со квалитет. Целта на овој стандард е обезбедување квалитет на работните процеси, производите и услугите кои ги извршува една организација, односно компанија.
При имплементација на ISO 9001:2008 се преземаат следните чекори:
  • Определување и дефинирање на политика за квалитет во рамките на организацијата
  • Дефинирање на цели за постигнување квалитет
  • Дефинирање на одговорности и овластувања во организацијата
  • Обезбедување ресурси кои се неопходни за посакуваниот квалитет
  • Задоволување на потребите и барањата на клиентите
  • Постојан мониторинг и развој на стратегии за подобрување на услугата
Придобивките од имплементација на овој стандард се следни:
  • Исполнување на барањата и потребите на клиентите
  • Ефикасност при работењето (загубите, неуспесите и неусогласеностите се сведени на минимум).
  • Одговорноста и свесноста на вработените е на највисоко ниво
  • Можност за натпревар на иста основа со поголеми организации
  • Можност за развој на организацијата и освојување нови пазари
  • Подобро искористување на времето и ресурсите
  • Правилна идентификација на производот
  • Зголемен профит
  • Континуиран мониторинг и унапредување на квалитетот и ефикасноста.
П.И Благој Ѓорев АД го имплементираше ISO 9001:2000 во 2007 година, а во 2014 се ресертифицираше со ISO 9001:2008.

HACCP

HACCP (Hazard Analysis and Critical Control Points) е систем за анализа на опасности и критични контролни точки. Со примена на HACCP системот се врши идентификација на потенцијалните опасности и спречување на нивната појава со цел заштита на потошувачите од труење со храна.
Придобивки од HACCP системот:
  • Фокус на идентификација и превенција на опасностите
  • Поефективна и поефикасна работа
  • НАССР системот лесно се прилагодува на напредување на опремата, подобрување на технолошкиот развој и производствениот процес
  • Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите за храна, но и меѓу производителите и купувачите/клиентите
  • Ја поттикнува трговијата со зголемување на довербата помеѓу производителите и трговците
  • Ги исполнува очекувањата и барањата на купувачите
  • Ги намалува бариерите во меѓународната трговија и ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар
  • Обезбедува долгорочно одржување на квалитетот
  • Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет ISO 9001 и системите за управување со животна средина ISO 14001.
Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет ISO 9001 и системите за управување со животна средина ISO 14001.

HALAL

HALAL е арапски збор кој означува „се што е дозволено“ кај муслиманите по Шеријатското право. HALAL барањата се изведени од Куранот и шеријатот, кој пропишува што е халал, а што е харам. HARAM означува спротивен термин или она што не е дозволено. HALAL стандардот е комплементарен со НАССР системот и со ISO 22000:2005. Овој стандард, при производството на храна, забранува употреба на: свинско месо, крв, алкохол, месо од мртви животни, ѕверови, магаре, куче, птици грабливки; храна која се подготвува со алкохол, храна која содржи емулгатори врз основа на свинско месо или животинска маст и др. Најголем број од барањата на HALAL стандардот се идентични со HACCP системот и ISO 9001 стандардот. Нашата команија го доби HALAL сертификатот во 2014 година. Овој сертификат за нас е уште една потврда дека произведуваме здрава и безбедна храна која ги исполнува и потребите на муслиманската заедница. Со добивање на овој стандард ние го интензивиравме извозот на соседните пазари во Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.